Ајатолахот Али Хаменеи, врховен лидер на Иран од 1989 година беше убиен во почетната фаза од масовниот напад на САД и Израел, неколку часа по полноќ потврдија иранските државни медиуми.
По смртта на 86-годишниот ирански лидер, Револуционерната гарда на Иран вети дека ќе ја изведе „најжестоката“ операција во историјата против Израел и американските бази.
Светсите медиуми известуваат за експлозии во Дубаи, Доха и Манама, а израелската војска одговарала на рекетирањето од страна на Иран.
Во вчерашните напади загинале 201 лице, а стотици биле повредени во Иран.
Али Лариџани, шеф на Високиот совет за национална безбедност, порача дека иранскиот народ ќе им одржи лекција на угнетувачите.
„Храбрите војници и големиот ирански народ ќе им одржат незаборавна лекција на меѓународните угнетувачи“, изјави тој.
Претседателот на парламентот, Мохамад Багер Галибаф во видео-порака за државната телевизија изјави дека Трамп и Нетанјаху „ги преминаа нашите црвени линии“ и „ќе ги поднесат последиците“.
Трамп предупреди дека на секоја иранска одмазда ќе биде возвратена со сила „каква што досега не е видена“. Претходно најави дека нападите ќе продолжат сè до „падот на Исламската Република“.
Деск

