Заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Албрим Хоџа, ја посети фармата на земјоделецот Ферит Бичаку во струшкото село Заграчани, истакнувајќи ја важноста на поддршката за домашните производители за зголемување на безбедноста на храната и руралниот развој.
Хоџа го посочи Бичаку како пример за посветеност во земјоделството, нагласувајќи дека станува збор за земјоделец кој „не се жали, туку работи секој ден со посветеност, страст и одговорност“, додека неговата дејност е сертифицирана за органско производство.
„Поддршката за локалните земјоделци како Ферит Бичаку значи поголема безбедност на храната, поголем развој за регионот и поголема доверба во домашниот производ“.
Оваа посета испраќа јасна порака дека земјоделската политика се насочува кон зајакнување на органското производство и поддршка на локалните земјоделци, давајќи приоритет на квалитетот и одржливиот развој, истакнаа од министерството.
Деск
ТОЈ Е ЗЕМЈОДЕЛЕЦ КОЈ НЕ СЕ ЖАЛИ И РАБОТИ СО ОДГОВОРНОСТ: ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ХОЏА ГО ПОФАЛИ ЗЕМЈОДЕЛЕЦОТ БИЧАКУ ОД СТРУШКО
1 Min Read
Previous ArticleВО ТУРЦИЈА ПОЧИНА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК ГОРАНЧО КРСТЕВ: КАРПАТА СЕ СРУШИ, ОБЈАВИ НЕГОВАТА ЌЕРКА
Next Article НЕ ОЧЕКУВА РАНО БУДЕЊЕ НА ПРОЛЕТТА

