Десетгодишно дете утрово почина по пад од балкон од станот во кој живеело во Тетово, информираат од Секторот за внатрешни работи Тетово.
Родителите за настанот биле известени од сосед, по што детето било однесено во болница, каде што е констатирана негова смрт, велат од полицијата.
Според пријавата, утрово во 09.45 часот во Клиничката болница во Тетово било донесено починато 10-годишно момче од Тетово. По наредба на јавен обвинител, телото на починатото момче е дадено на обдукција.
Било пријавено дека детето било со здравствени проблеми.
Деск

