Во Основниот суд во Штип на првиот ден од судскиот процес против 74-годишниот Денис Асанов, обвинет за убиството на 79-годишната Б.Н. од Штип, обвинетиот на денешното рочиште не призна вина, објави ТВ Стар.
Според истрагата, дел од телото на жртвата бил пронајден закопан во дворот на неговата куќа, по што тој бил приведен и му бил одреден притвор. Мотивите, според претходниот исказ даден во обвинителството, биле љубомора и љубовни недоразбирања. Судскиот процес продолжува со изведување докази и сослушување сведоци, пренесе медиумот.
Случајот со фемицидот во Штип ја вознемири јавноста во ноември, минатата година. Првин, сестрата на жртвата пријавила во полиција дека таа се оддалечила од домот, а поради сомнеж дека обвинетиот ја држи противправно во неговиот дом, со судска наредба бил извршен претрес во неговиот дом и биле пронајдени и одземени повеќе предмети и траги од крв.
По претресот, тој бил лишен од слобода и му била изречена мерка притвор во траење од 96 часа и бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Куманово.
По дополнително преземени мерки и добиено вештачење на одземените траги и предмети, во СВР Штип повторно е извршен разговор со Д. А. во кој тој детално го појаснил начинот на кој го извршил убиството, објавија тогаш од полицијата.
Обвинителството пак, тогаш соопшти дека осомничениот 74-годишник, при вршење семејно насилство, „лишил од живот жена со која биле во блиски лични односи, така што со тврд предмет и задал повеќе удари во главата, кршејќи и го черепот“. Потоа, со остар предмет пресекол делови од телото и ги сокрил на непознато место, а трупот го закопал во дворот од куќата.
Деск
МУ СЕ СУДИ НА ШТИПЈАНЕЦОТ ЧИЈА ПАРТНЕРКА БЕШЕ УБИЕНА, А ДЕЛОВИ ОД ТЕЛОТО БЕА НАЈДЕНИ ЗАКОПАНИ ВО НЕГОВИОТ ДВОР
2 Mins Read
Previous ArticleКАЛИОПИ СО ГОЛЕМ СОЛИСТИЧКИ КОНЦЕРТ ВО СКОПЈЕ

