Експлозивна направа била пронајдена во викенд куќа во кавадаречко Ваташа, извести Секторот за внатрешни работи Велес.
Како што информираат од полицијата, вчера во 17:30 часот во ОВР Кавадарци, Л.Е.(68) од село Ваташа, кавадаречко, пријави дека во двор од викенд куќа во селото била пронајдена експлозивна направа.
-Пиротехничар од Дирекција за заштита и спасување Битола ја подигнал експлозивната направа и констатирал дека се работи за рачна бомба која потекнувала од Првата светска војна, соопштија од СВР Велес.
Деск

