Се очекува попладнево со владиниот авион да се евакуираат македонските државјани што се наоѓаат во Израел, со што ќе се заокружи процесот на враќање на сите граѓани што побараа извлекување оттаму, соопштија денес од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.
Заклучно до денес, во Амбасадата на РСМ во Абу Дабу се евидентирани 505 македонски државјани, од кои 458 престојуваат во Обединетите Арапски Емирати.
Од Кувајт е пријавено 31 лице, а од Бахреин 14.
Во Доха, пак, се евидентирани 141 македонски државјани.
Во наредните денови било предвидено враќање на наши граѓани од Обединетите Арапски Емирати, како и оние што се наоѓаат во Катар, Бахреин и Кувајт, со реализирани летови преку Кралството Саудиска Арабија.
МНР вчера информираше дека ќе издвои околу еден милион евра за евакуација на македонски државјани од земјите погодени од конфликтот на Блискиот Исток.
Со одлука на Владата, веќе била отпочната постапка за јавна набавка за организација на чартер-летови за нивна евакуација.
Деск
МАКЕДОНИЈА ЌЕ ИЗДВОИ ЕДЕН МИЛИОН ЕВРА ЗА ЕВАКУАЦИЈА НА НАШИ ГРАЃАНИ ОД ЗЕМЈИТЕ ПОГОДЕНИ ОД КОНФЛИКТОТ
1 Min Read

