Мудар како стар лисец и почитуван државник – ветеран и реформатор, со тие зборови е опишан поранешниот претседател Киро Глигоров (1917-2012) во документот на ЦИА, кој беше објавен во јануари.
Во овој документ на американската тајна служба, се наведува дека Грција во 1992 година му нудела на Глигоров финансиска помош од 100 милиони долари за земјата во замена за промена на името на државата, но тој го одбил предлогот.
-И покрај големата економска потреба на Македонија, Глигоров одбил приватна понуда од грчки функционери од 100 милиони долари финансиска помош под услов името да се промени, пишува во документот, објавен на страниците на дигиталната библиотека на декласифицирани документи на ЦИА- ФОИА.
Киро Глигоров беше прв претседател на независна Република Македонија и долгогодишен државен функционер во СФРЈ.
Деск
СТО МИЛИОНИ ДОЛАРИ ФИНАНСИСКА ПОМОШ ЗА ЗЕМЈАТА, ВО ЗАМЕНА ЗА ПРОМЕНА НА ИМЕТО МУ БИЛЕ ПОНУДЕНИ НА КИРО ГЛИГОРОВ
1 Min Read

