Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека првата група македонски државјани, евакуирани од територијата на Израел, кои по копнен пат се упатија кон Египет, вчера попладне со владин авион безбедно слетаа во Скопје.
-Евакуацијата беше реализирана во координација со надлежните институции и со поддршка на дипломатско-конзуларните претставништва, при што организацијата на транспортот од Тел Авив до Шарм ел-Шеик, како и организацијата на владиниот лет до Скопје, целосно беше обезбедена од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.
На Меѓународниот аеродром Скопје, евакуираните граѓани ги пречека заменик-министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски.
Министерството и понатаму останува во континуирана комуникација со македонските државјани кои се наоѓаат во погодените региони и продолжува со активностите за нивно безбедно и навремено враќање во државата, соопштија од МНР.
Од министерството истакнуваат дека се очекува во наредните денови да биде заокружен процесот на евакуација и на останатите лица кои изразиле подготвеност за извлекување.
МНР завчера информираше дека ќе издвои околу еден милион евра за евакуација на македонски државјани од земјите погодени од конфликтот на Блискиот Исток.
Деск
СИТЕ НАШИ ГРАЃАНИ КОИ ИЗРАЗИЛЕ ПОДГОТВЕНОСТ ЗА ИЗВЛЕКУВАЊЕ, ЌЕ БИДАТ ЕВАКУИРАНИ ОД ЗЕМЈИТЕ ПОГОДЕНИ ОД КОНФЛИКТОТ
1 Min Read

