По основ на МојДДВ за четвртиот квартал од 2025 година исплатени се 917.518.916 денари, информираат од УЈП.
Управа за Јавни Приходи – УЈП информира дека за скенирани фискални сметки во четвртото тримесечје од 2025 година, на трансакциските сметки на 521.263 корисници на апликацијата МојДДВ исплатени се вкупно 917.518.916 денари по основ на поврат на ДДВ.
Од таму напоменуваат дека во моментов 4.966 корисници кои имаат скенирано фискални сметки имаат внесено погрешна трансакциска сметка, поради што исплатата не може да се реализира.
-Апелираме до сите корисници кои сеуште немаат добиено средства: проверете ги и ажурирајте ги податоците за вашата трансакциска сметка директно во апликацијата МојДДВ.
Со точни податоци, УЈП ќе може успешно да ја изврши исплатата на повратот, известија од управата.
Деск
4.966 ЛИЦА НЕ ДОБИЛЕ ПАРИ ОД СКЕНИРАЊЕ НА ФИСИКАЛНИ, БИДЕЈЌИ ВНЕСИЛЕ ПОГРЕШНА ТРАНСАКЦИСКА СМЕТКА, ВЕЛАТ ОД УЈП
1 Min Read

