ЈЗУ Клиника за детски болести-Скопје со особено задоволство и гордост информира дека Одделот за Психофизиологија, со реновирање на простории земени на користење во рамките на Мајчин дом, ги прошири своите просторни капацитети, со што значително се унапредуваат условите за работа и за обезбедување на услуги за децата со развојни тешкотии и нивните семејства, соопштија од клиниката.
Од таму додаваат дека со проширувањето се овозможува подобра организација на дијагностичките и терапевтските активности, како и обезбедување посеопфатна стручна поддршка во областа на детскиот развој.
-Новите простории овозможуваат попријатна и пофункционална средина за работа на стручниот тим и за престој на пациентите.
Овој чекор претставува значаен придонес кон континуираното унапредување на квалитетот на здравствената заштита, со фокус на раната детекција, навремената интервенција и сеопфатната грижа за менталното и развојното здравје на децата со заостанување во психомоторниот развој и аутизам, истакнаа од клиниката.
Како што појаснуваат, ова проширување е реализирано благодарение на донации.
-ЈЗУ Клиника за детски болести-Скопје изразува искрена благодарност до сите донатори и поединци кои со својата поддршка придонесоа за реализација на оваа значајна иницијатива, се заблагодарија од клиниката.
Деск
БЛАГОДАРЕНИЕ НА ДОНАЦИИ Е ПРОШИРЕН ОДДЕЛОТ ЗА ПСИХОФИЗИОЛОГИЈА НА ДЕТСКА КЛИНИКА
1 Min Read

