Досега се реализирани четири организирани летови за евакуација на граѓани од регионот на Блискиот Исток, со кои се превезени вкупно 458 патници, соопшти министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски.
Тој истакна дека сите граѓани се безбедни, а институциите и понатаму остануваат на целосно располагање за поддршка и помош на нашите државјани.
Трошоците за евакуација на македонските граѓани се целосно покриени од државата, која за таа намена одвои околу еден милион евра.
Деск

