Викторија Македонска (родена како Мирослава Бадаревска) е авторка од Македонија која пишува поезија и често може да се сретне низ кафулињата во Скопје, каде лично ги нуди своите книги на читателите. 
Иако има 79 години, таа и понатаму со голема посветеност пишува и создава нови дела.
По повод 8 Март, таа ја објави и својата 42-ра книга, што претставува големо животно и литературно достигнување. Нејзината приказна е доказ дека љубовта кон пишувањето и создавањето, како и упорноста и страста кон книгата, можат да траат цел живот.
М.К.

