Веќе 12 години нема никаков траг од Ацо Николов, скопјанец кој се преселил во Кавадарци, и неколку години по преселбата мистериозно исчезнал.
Мистеријата со скопјанецот се уште не е решена, и случајот веќе паѓа во заборав. Николов, во времето кога исчезна имаше 46 години, и се уште официјално се води како исчезнато лице, а неговата фотографија и лични податоци се објавени на официјалната станица за исчезнати лица при Министерството за внатрешни работи.
Според информациите кои беа соопштени во време на неговото исчезнување, тој дошол да живее во Кавадарци под кирија. Последен пат бил виден на седми март 2014 година, а неговата мајка го пријавила исчезнувањето во кавадаречката полиција на деветти март, истата година.
Уште тогаш од полицијата истакнуваа дека се преземаат мерки за негово пронаоѓање, но до денес не се знае судбината на Николов.
Случаите со исчезнати лица остануваат отворени, се до нивно пронаоѓање.
В.К.
Previous Article16-ГОДИШНИК ОД БЈЕЛОВАР СО ТЕШКИ ИЗГОРЕНИЦИ СЕ БОРИ ЗА ЖИВОТ ПОРАДИ ОПАСЕН ТИК ТОК ПРЕДИЗВИК
Next Article ДУБАИ, ГРАДОТ ОД СОНИШТАТА, СТАНУВА ГРАД НА ДУХОВИ

