16-ти март 2025 година, Кочани, денот кога на Македонија и се случи најстудената зима среде пролет. Денот кога на нацијата и се заледија душите од непоимливата трагедија, кога им се заледија плановите и животите на многу семејства. Тој ден во Кочани времето застана, како пролетта никогаш да не стигна.
Годишнината не е само ден на тага. Таа е и ден на потсетување – дека човечкиот живот е највредното нешто што го имаме и дека трагедии како оваа не смеат никогаш да се повторат. Семејствата на жртвите, но и јавноста, сѐ уште чекаат одговори и правда, но го чекаат и ветениот целосен рестарт на трулиот систем.
Слава им на 63-те невини жртви чија младост беше прекината среде стих, како недовршена песна, слава му и на возачот на Брзата помош, Илчо Гоцевски, чие срце препукна од тага.
Никогаш нема да бидат заборавени: Алексова Стефанија (2004), Џамов Јорданчо (1993), Трајчев Иван (2000), Ѓоргиев Џоко (2000), Коларов Александар (1981), Величков Иван (1998), Стојанов Андреј (2000), Антова Ивона (2003), Христовски Павел (2004), Димитријев Диме (1994), Насевски Никола (2007), Богданов Тоше (1994), Тодоровски Тоше (1988), Коцева Ана (2004), Живков Адријан (2000), Петрушов Гордан (2001), Горгиев Игорче (1976), Стевановски Филип (1988), Стојанов Томче (2003), Стоименова Моника (1999), Стојанов Стојанчо (1988), Пројковска Николовска Capa (1977), Шопова Марија (1997), Ивановски Петар (2004), Ѓорѓиев Александар (1991), Марковски Матеј (2007), Закова Бојана (1997), Василков Ѓорѓи (1999), Петров Александар (1999), Минова Драгана (2008), Алексова Capa (2006), Ѓорѓиески Андреја (1982), Ивановски Филип (2008), Јорданова Capa (2007), Стрезоска Марија (2001), Ефремов Александар (1992), Велков Игор (1980), Тасева Стојковска Лепа (1998), Атанасовски Мартин (1996), Алексов Александар (1986), Минов Божидар (2001), Милковска Кети (1999), Златков Томас (2003), Соколова Стефанија (2005), Велков Леонид (2007), Наунова Надица (2007), Јорданов Виктор (2000), Панов Андреј (2000), Иванов Димитар (2008), Стоименов Спиро (1998), Владимиров Јове (1993), Андонов Ице (2003), Тасевски Стефан (1988), Величков Ѓорѓи (1994), Стојанов Александар (1986), Христова Сања (1999), Танески Дамјан (2006), Спасова Моника (1998), Лазаров Андреј (1999), Стојанче Стефанов (2001), Александар Карадакоски (1996), Александар Глигоровски (1996), Владимир Блажев (1979) и Илчо Гоцевски (1984).
Редакција ВИКИМЕДИА

