Се радувал на 18-от роденден на неговиот син единец Мартин, и заедно планирале голема забава, но трагедијата во Кочани им ги пресече плановите и не го дочека полнолетството на синот. Илчо Гоцевски (41) од делчевско Звегор, кој живееше во Кочани е 64-та жртва во трагичниот пожар, кој се случи на денешен ден пред една година.
Тој беше херојот од Брзата Помош, кој 32 часа без престан пренесувал пациенти од пожарот, до скопските Клиники. Илчо 11 пати возел на релација до Скопје, а по помошта која им ја пружил на повредените, откако се вратил дома, заспал и не се разбудил.
Според лекарите, Илчо починал од срцев удар, најверојатно поради огромниот физички и емоционален напор и адреналинот под кој работел со часови.
Во негова чест, во дворот на Здравствениот дом во Делчево се уредува парк кој ќе го носи неговото име и ќе сведочи и за идните генерации за пожртвуваноста и професионалноста во борбата да се спаси живот повеќе. На влезот на Итната медицинска помош ќе биде поставена спомен плоча во негова чест.
Деск
СЕ УРЕДУВА ПАРК И ЌЕ БИДЕ ПОСТАВЕНА СПОМЕН ПЛОЧА ВО ЧЕСТ НА ИЛЧО ГОЦЕВСКИ ВО ЗДРАВСТВЕНИОТ ДОМ ВО ДЕЛЧЕВО
1 Min Read

