Откако пред три месеци објави на социјалните мрежи дека бара оставка од преседателот на СДСМ, Венко Филипче, а потоа продолжи да ја критикува партијата, СДСМ донесе одлука и иницираше постапка за исклучување на Петре Шилегов од членство.
Според СДСМ, Шилегов одработувал за ВМРО ДПМНЕ, и бил уценет.
-Шилегов е уценет и одработува за ВМРО. Ја разоткривме целата бизнис шема на Христијан Мицкоски во енергетиката, од Адамовиќ до ‘Руднап’. Сега на сите им е јасно зошто толку многу сакаат да го рушат СДСМ.
ВМРО толку падна што единствената опција им остана обидот да го урне СДСМ одвнатре. Сега на сите им е јасно дека станува збор за ‘платформа за рушење на СДСМ’, објавија од партијата.
Синоќа, во интервју на ТВ Сител, Шилегов кажа дека треба да дојдат некои други луѓе да ја раководат партијата.
Деск
Previous ArticleКАВАДАРЧАНЕЦ ФАТЕН БЕЗ ВОЗАЧКА ДОЗВОЛА ДВАПАТИ ВО ИСТ ДЕН

