50-годишна жена од Струга бесправно си изградила семејна куќа во Трпејца, по што заработи кривична пријава, а градбата ќе се руши, соопшти Секторот за внатрешни работи Охрид.
-СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.Т.(50) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“.
Таа, во својство на инвеститор, на катарстарска парцела во охридското село Трпејца, без правосилно одобрение за градење издадено од Сектор за урбанизам и управување со градежно земјиште од општина Охрид, изградила индивидуална семејна куќа.
Врз основа на констатираната состојба, донесено е решение за отстранување на градбата, информираат од полицијата.
Деск

