На нашите трап-камери, на територијата на Паркот, неодамна се регистрирани две нови единки од балкански рис, соопштија од Националниот парк Шар Планина.
-Истите се забележани при вршење на редовен мониторинг, на делот од територијата кој административно припаѓа на Општина Врапчиште. Со ова, бројот на идентификувани единки од рис се зголемува од 3 на 5.
Двете единки се во добра здравствена состојба, што претставува показател за стабилизирање и закрепнување на популацијата на овој редок вид на Шар Планина.
Благодарение на заложбите на тимот на ЈУ Национален Парк Шар Планина, бројот на дивите животни, а особено на рисот, е во пораст, што го потврдува позитивниот ефект од мерките за заштита на природата, велат од паркот.
Додаваат дека продолжуваат посветено да се залагаме за заштита на дивиот свет и унапредување на екосистемите на Шар Планина.
Деск

