Шест лица, меѓу кои жители на Тетово, Куманово и Гостивар биле приведени под сомнение дека организирале борба на кучиња, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Како што појаснуваат, вчера во 23:00 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишија од слобода С.Р.(34) , А.М.(31), А.М.(27), Ј.К.(38), сите од тетовско, С.А.(40) од с.Черкезе, кумановско и Н.М.(62) од Гостивар затоа што на подрачјето на Куманово организирале борба на кучиња, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави.
Деск

