Почнувајќи од 26-ти март (четврток) па се до самиот крај од месецов од север кон јужна и југоисточна Европа ќе се спушти значително поладен воздух кој ќе предизвика над Џеновскиот залив да дојде до формирање на секундарен длабок циклонски систем и токму овој циклон ќе го зафати Балканскиот Полуостров и во најголем дел ќе донесе обилни врнежи од дожд и снег, бурен ветер и нагло заладување на времето, обајви метео прогнозерот Славчо Попоски.
-На планинските места особено во Босна и во Горски Котар во Хрватска ќе падне многу снег и тоа од 50 до 80 сантиметри снег а локално и до 100 сантиметри снег. Поради наглото заладување снежната граница особено во Хрватска и во Босна ќе се спушти и на помала надморска височина па така врнежи од снег ќе има и во дел од градовите.
Се на се, најскапо ова е го платат овошките кои се веќе расцветани а природата е веќе во значителна фаза на будење. Токму оваа голема промена на времето ќе донесе и појава на утрински мразеви, прогнозира Попски.
Деск
Previous ArticleИДЕНТИФИКУВАНИ ПИЛОТИТЕ КОИ ЗАГИНАА ВО СУДИРОТ ВО ЊУЈОРК

