Со тешки телесно повреди се здобил 19-годишник од Турција, по пад д балкон во Скопје, соопшти МВР.
-Вчера во 15:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош од балкон на зграда паднал К.А.Е.(19) од Република Турција.
Тој, со тешки телесни повреди е пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош, известија од министерството.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Деск

