Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека по преземени оперативни мерки и активности полициски службеници од СВР Тетово лишија од слобода тројца малолетници инволвирани во случаите со лажните дојави за поставени бомби во дел од основните и средните училишта во Тетово.
Во претходниот период од слобода беа лишени уште две лица од кои едниот малолетник, исто така инволвирани во случаите со лажните дојави за поставени бомби, известија од МВР.
– Против сите пет лица кои се инволвирани ќе бидат поднесени соодветни поднесоци до надлежното Обвинителство, согласно Кривичниот законик.
МВР апелира до родителите итно да преземат соодветни мерки за контрола врз своите деца. Потребно е максимално внимание и превенција за да се спречи какво било понатамошно појавување на вакви појави кои ја вознемируваат јавноста и го нарушуваат безбедносниот систем.
СВР Тетово нема да толерира никакви обиди за загрозување на безбедноста на учениците и граѓаните. Во случаи на идни вакви дејствија ќе се преземаат најстроги законски мерки против сторителите, но и против родителите за занемарување на должноста за надзор, истакнаа од министерството.
Додаваат дека ќе се иницираат педагошки и социјални мерки во тесна соработка со образовните институции и Центрите за социјална работа.
Деск
ЧЕТВОРИЦА МАЛОЛЕТНИЦИ И ЕДНО ВОЗРАСНО ЛИЦЕ СЕ УАПСЕНИ ПОРАДИ ЛАЖНИ ДОЈАВИ ЗА БОМБИ ВО ТЕТОВСКИТЕ УЧИЛИШТА
1 Min Read
Previous ArticleПРИЛЕПСКИОТ БЕНД THE DREAMERS ОБЈАВИ НОВА ПЕСНА
Next Article НЕГОТИНО НЕ Е ПОВЕЌЕ ГРАД БЕЗ СЕМАФОРИ

