По година и пол пауза, и сосема неочекувано, прилепскиот бенд The Dreamers вчера објави нова песна на својата Фејсбук страница. 
-„Untamed“ носи „денсерски бит“ и бунтовнички текст. Музиката ја потпишува бендот, додека текстот е дело на младата поетеса Кате Петкоска. Песната е снимена во студиото на Кире Најдоски, а звукот отвора една поинаква, посурова и поемотивна димензија на нивниот израз, велат од ПР тимот на бендот.
По паузата што остави простор за прашања, ова издание доаѓа како мало изненадување или можеби тивка најава за нешто поголемо. Дали „Untamed“ е сигнал за враќање на клубската сцена или само носталгичен потсетник на едно „сонувачко“ време, останува да видиме. Во меѓувреме, пуштете гласно и препуштете се на ритамот на „Untamed“.
https://www.facebook.com/reel/2928628807489880
Деск

