Повеќекратните добитници на Греми награди и членови на Куќата на славните на рокенролот, Aerosmith, го објавија “Aerosmith (Legendary Edition)”. За првпат, бостонските рок легенди (Стивен Тајлер, Џо Пери, Том Хамилтон, Бред Витфорд и Џои Крамер) ја составија дефинитивната верзија на нивниот мулти-платинумски деби-албум “Aerosmith”, првично издаден во 1973 година. Музика и аудио
Во обид конечно да ја претстават својата нефилтрирана визија, коосновачите на бендот Стивен Тајлер и Џо Пери ги ремиксираа оригиналните снимки и песни заедно со продуцентот и миксерот номиниран за Греми, Зак Сервини, и продуцентот добитник на Греми, Стив Берковиц. Како такво, ова свежо ремастерирано миксање на албумот го претставува круната на богатата колекција “Легендарно издание”.
Aerosmith го издадоа својот деби-албум, “Aerosmith”, на 5 јануари 1973 година. Го снимија во срцето на Бостон, во студиото Интермедиа на улицата Њубери, создавајќи идни класици за време на тие сесии, вклучувајќи ги “Make It”, “Mama Kin” и, секако, “Dream On”. Успехот на ова издание стана една од најпознатите приказни за аутсајдери во рокенролот. По издавањето, квинтетот ги помина следните две години на исцрпувачка турнеја, сè додека “Dream On” конечно не се проби во втората половина на 1975 година.
Песната на крајот се искачи во топ 10 на Билборд и опстана како веројатно една од најпопуларните рокенрол-песни во историјата, влегувајќи на листата “500-те најголеми песни на сите времиња” на списанието Ролинг Стоун и бидувајќи внесена во Куќата на славните на Греми во 2018 година. во 2018 година и надминувајќи 1,5 милијарди преслушувања на Spotify.
Б.Н.

