Министерството за економија и труд, предводено од министерот Бесар Дурмиши, заедно со социјалните партнери – САДУ и УПОЗ – потпиша историски Колективен договор за вработените во Министерството, соопштија од Владата.
-Ова е прв ваков договор во рамки на Министерството и претставува значаен чекор напред во унапредувањето на работничките права и условите за работа. Платите на административните службеници ќе се зголемат во три фази, почнувајќи од март 2026 до март 2028 година, а се воведуваат нови и проширени права и бенефити за вработените.
Дополнително, договорот предвидува:
-додатоци за ноќна, сменска и прекувремена работа надоместоци за работа за време на празници
-јубилејни награди
-заштита од вознемирување на работното место
-унапредени мерки за безбедност и здравје при работа
Со овој договор испраќаме јасна порака – градиме модерна, ефикасна и правична јавна администрација, базирана на почитување на трудот и силен социјален дијалог, објави Владата.
Деск
АДМИНИСТРАТИВЦИТЕ ЌЕ ДОБИВААТ ЈУБИЛЕЈНИ НАГРАДИ, ДОДАТОЦИ ЗА ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА, ЗАШТИТА ОД ВОЗНЕМИРУВАЊЕ И ПЛАТИ ПОВИСОКИ ЗА 40%
1 Min Read

