Основното јавно обвинителство Кочани изврши увид на локација во близина на Виница, каде било пронајдено тело на починато машко лице со прострелна рана од огнено оружје.
Според првичните информации, станува збор за ловочувар кој бил дел од група за комерцијален лов.
Од Обвинителството информираат дека во тек се активности за обезбедување докази, вклучително и претреси и вештачења, со цел утврдување на сите околности поврзани со настанот.
Во рамки на истрагата, задржани се тројца странски и еден македонски државјанин кои биле дел од истата ловна група, а се испитува нивната можна поврзаност со пукањето.
Истрагата продолжува во насока на целосно расчистување на случајот и утврдување на одговорноста за трагичниот настан.
Деск

