Судењето на Стојанче Јовановски започна денес во Кривичниот суд во Скопје. Него му се суди за тешка телесна повреда при семејно насилство, загрозување на сигурноста и наведување на самоубиство на неговата сопруга Ивана, која со 6-годишната ќерка Катја во прегратка скокна од балкон на втори март годинава и ги изгубија животите.
Долгогодишната тортура која тој ја вршел врз сопругата, довела до нејзино чувство на безнадежност, и таа не можела разумно да ги управува и контролира своите постапки.
Обвинетиот им бил познат на службите поодамна и против него биле поднесени десеттина пријави во минатото.
Освен што ја малтретирал сопругата, за него се водела истрага и трговија со дрога, а бил осудуван и за напад врз полицаец.
Трагедијата со Ивана и Катја се случи во претпладневните часови на втори март, а истата вечер нејзиниот брат Александар излезе со јавно обраќање, во кое откри дека Ивана со години трпела насилство од страна на Стојанче.
Потоа се огласија и соседи на парот, кои тврдеа дека сведочеле на малтретирањето, кое траело долг период.
Деск

