Гостиварец е уапсен синоќа, бидејќи со својот автомобил БМВ возел во спротиван ансока на автопатот Скопје – Велес, соопшти СВР Велес.
-Вчера во 19:30 часот на автопатот Скопје-Велес, кај наплатна станица „Сопот“, полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата го лишиле од слобода Ј.Н.(40) од Гостивар затоа што на автопатот управувал патничко возило „бмв“ со гостиварски регистарски ознаки во спротивна насока на автопатот, известија од полицијата.
По насоки од јавен обвинител тој бил приведен во полициска станица и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Деск
КАЈ НАПЛАТНА СТАНИЦА СОПОТ УАПСЕН МАЖ КОЈ ВОЗЕЛ ВО СПРОТИВНА НАСОКА НА АВТОПАТОТ
1 Min Read

