Стојанче ја тепал и давел Ивана до онесвестување во возилото, во кое бил и денешниот сведок на судењето, Мартин Саздов.
За настанот кој се случил дента на самоубиството, тој сведочеше и кажа дека Стојанче и се смеел кога пријавила во полиција, а откако дошле полицајците, им рекле самите да си го решат проблемот.

-Потоа, полицајците застанаа до нашето возило и кажаа дека повторно има пријава за закани. И реков, Ивана кажи им на полицајците кој ти се заканува, а таа молчеше. Тие почнаа да викаат дека ако уште еднаш пријави, ќе и пишат казна за лажно пријавување, раскажа Саздов.
Појасни дека откако ја зеле Катја од училиште, Стојанче ја навредувал и и се заканувал пред ќерката, обвинувајќи ја дека со Саздов го наместиле за дрога.
Стигнале пред зградата и се качиле сите заедно во станот, за да Ивана си ги земе работите и си оди, но таа со Катја се заклучила внатре и побарала пет минути.
Откако Саздов и Стојанче се симнале доле, Ивана му се јавила на камера на сопругот и Саздов ја видел како стои со девојчето на тераса, по што сфатил која и е намерата.
Се стрчал кон влезот, кога слушнал силен удар, и првин кога ја видел Ивана крвава, помислил дека Катја не е со неа. Стојанче немал храброст да ги види, по што Мартин викал некој да повика брза помош.
Како што раскажа Саздов, тој бил колега со Стојанче, а со Ивана започнал врска откако таа побарала помош од него, да ги земе со ќерката по полноќ од автопатот, каде претходно сопругот ја претепал и потоа двете ги исфрлил од кола.
Зборуваше за константното тепање кое Ивана го трпела, како и за тоа дека таа живеела во страв.
Деск

