По повод случајот со рушењето на оградата на рибникот Дошница, во Општина Демир Капија, каде вчера се одржа мирен протест на кој сопствениците реагираа дека функционирањето на рибникот е загрозено, и бараа решение, патот кој ќе се гради на тој дел, да биде дислоциран, со своја реакција и појаснување се огласи Општина Демир Капија на чело со градоначалничката Наталија Димитриева.
Во прилог, официјалната реакција која е доставена до медиумите и до широката јавност.
-Почитувани граѓани, Општина Демир Капија по однос на реакциите и обвинувањата коишто беа насочени наспрема општината и градоналачникот на Општина Демир Капија, а кои се однесуваат за рушењето на оградата на инвеститорот правно лице Дошница експорт импорт ДООЕЛ с.Чифлик Демир Капија, како транспаретна општина и секогаш во служба на граѓаните со оваа известување им се обраќа на сите граѓани на Општина Демир Капија и на целата јавност и го дава следното појаснување по однос на настанот којшто беше објавен во медиумите, а за којшто неосновано се изнесоа одредени дезинформации.
Во конкретниот случај не станува збор за самоволно и противправно нанесување на штета на нечиј имот од страна на општината, а најмалку пак лично и своеволно однесување на градоначалникот, од причина што во конкретниот случај и за конкретниот настан дејствијата кои се превземени, се превземени од страна на Самостоен градежен инспектор при Државен инспекторат за градежништво и урбанизам, којшто своите дејнсоти ги врши врз основа на Овластување бр.02-1270/2 од 11.02.2026 година издадено од страна на Министерот за транспорт.
Во рамките на Овластувањето бр.02-1270/2 од 11.02.2026 година издадено од страна на Министерот за транспорт, Самостоен градежен инспектор при Државен инспекторат за градежништво и урбанизам којшто е овластен да ги врши работите од надлежност на овластен градежен инспектор на Општина Демир Капија, превземени се дејствија согласно Законот за градење при што од страна на овластениот градежен инспектор утврдени се неправилности согласно Законот за градење член 137 и член 68 ст 1 од Законот за инспекциски надзор издадено е издадено Решение Арх бр.74ип1-28 од 05.03.2026 година со кое Решение му се наредува на инвеститорот правното лице Дошница експорт-импорт Дооел с.Чифлик Демир Капија да ја отстрани предметната бесправна градба- ограда утврдена со Записник арх.бр.74 ип1-28 од 23.02.2026 година.
Од причина што од страна на инвеститорот не е постапено по издаденото Решение Арх бр.74ип1-28 од 05.03.2026 на Државниот градежен инспектор, од страна на истиот издаден е Налог за извршување на Решението Арх бр.74ип1-28 од 05.03.2026 со којшто му се наложува на инвеститорот во рок од еден ден да ја отстрани бесправно утведената градба или истиот да допушти негово присилно административно извршување.
Врз основа на погоре наведеното Општина Демир Капија како општина којашто е транспаретна и работи во согласност со позитивните законски одредби ја информира јавноста дека неточни се наводите истакнати во објавите на електронските медиуми дека Општина Демир Капија постапува своеволно и противправно и не води грижа за имотот на граѓаните на Општина Демир Капија, кога во конкретниот случај дејствијата коишто ги превзема градежниот инспекетор се по Овластување бр.02-1270/2 од 11.02.2026 година издадено од страна на Министерот за транспорт, а согласно истото во рамките на Законот за градење и законот за инспекциски надзор до инвеститорот издадени се акти коишто самиот инвеститор видно е дека не постапил по истите, па оттука неможе преку изнесување на невистинити содржини да се нарушува работењето и угледот на Општина Демир Капија како и угледот и работењето на градоначалникот на Општина Демир Капија.
Со ова Известување Општина Демир Капија ги информира сите граѓани дека Уставот, законите и подзаконските акти важат и се применуваат од страна на Општина Демир Капија, а воедно Општина Демир Капија нема да врши селективна имплементација на законите со која граѓаните ќе бидат доведени во нерамноправна положба. Напротив законите важат за сите граѓани и државни институции и истите се должни да ги почитуваат.
Одлуките коишто се донесуваат од страна на овластени службени лица се во согласност со позитивните законски одредби, а доколку некој смета дека истите не се донесени во рамките на материјалното и процесното право постојат институционални решенија за истите, а не преку објавување на невистинити содржини на социјални друштвени мрежи на коишто со невистини се нарушува угледот на Општина Демир Капија, како и чесното и транспаретно работење на општината.
Општина Демир Капија предводена од Градоначалникот на Општина Демир Капија како и до сега своите обврски ќе ги извршува навремено, транспаретно и во согласност со Уставот и законите на Република Северна Македонија, а сето тоа во насока и во служба на граѓаните на Општина Демир Капија, и за секое бесправно обвинување и ширење на навреди и клевети против општината со којшто се нарушува угледот и работењето на истата, Општина Демир Капија ќе поведе постапка со цел правилно утврдување на фактичката состојба, а со цел да не се шират клевети и лажни објави со кои се нарушува угледот и работењето на Општина Демир Капија.
Општина Демир Капија
Градоначалник
Наталија Димитриева

