Педесет и шестгодишен жител на Гостивар пријавил измама во ОВР Гостивар, откако бил оштетен за сума од 5.000 евра при наводна купопродажба на стадо овци.
Според информациите од пријавата, оштетениот стапил во контакт со лице со иницијали А.С. од скопското село Арачиново преку социјални мрежи. Во текот на комуникацијата, тој бил доведен во заблуда дека ќе купи стадо овци, по што преку посредник исплатил 5.000 евра како капар.
Откако парите биле исплатени, осомничениот ги прекинал сите контакти и го исклучил телефонот, по што пријавителот сфатил дека станува збор за измама.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Деск

