Министерот за јавна администрација Горан Минчев во просториите на Министерството оствари протоколарна средба со амбасадорката на Република Грција, Софија Филипиду, на која беа разгледани можностите за унапредување на билатералната соработка меѓу двете земји.
Во фокусот на разговорите беа реформите и модернизацијата на јавната администрација, како и начините за продлабочување на партнерството преку размена на искуства, добри практики и користење на европски програми за поддршка на институционалниот развој.
Посебен акцент беше ставен на воспоставувањето и развојот на Академијата за јавна администрација, која се оценува како значаен сегмент во процесот на градење професионална, ефикасна и департизирана јавна служба. Во тој контекст, двете страни изразија подготвеност за соработка во областа на обуките, стручното усовршување и јакнењето на административните капацитети.
Министерот Минчев истакна дека соработката со Грција, како сосед и партнер, е од големо значење за зајакнување на меѓусебната доверба и унапредување на реформските процеси во јавниот сектор.
Од Министерството за јавна администрација порачаа дека ќе продолжат со активна меѓународна соработка и вложување во институционалниот развој, со цел подобрување на квалитетот и достапноста на јавните услуги за граѓаните.
Деск

