Во сообраќајна несреќа што се случила на 19 април 2026 година попладне, тешко е повреден мотоциклист од Скопје.
Според информациите од полицијата, несреќата била пријавена околу 17:25 часот во Неготино. На автопатот Неготино–Градско, кај местото викано „Летиште“, 42-годишниот М.В. изгубил контрола над мотоциклот со скопски регистарски ознаки и излетал од коловозот.
Во несреќата, возачот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Општата болница во Велес.
Увид на местото на настанот извршила екипа од ОВР Неготино, а причините за несреќата се утврдуваат.
Деск

