Зголемување од 979 денари за еден месец или 3.305 денари за четири месеци на Синдикалната минимална кошница покажуваат последните податоци, објави Сојуз на синдикатите на Македонија.
Вредноста на Синдикалната минимална кошница за месец април 2026 година изнесува 68.797,00 денари, споредена со вредноста на Синдикалната минимална кошница за месец март 2026 година која изнесува 67.818,00 денари е зголемена за 979,00 денари. Со изнајмен стан од 60 м2 за месец март изнесува 84.172,00 денари.
Зголемувањето на вредноста на синдикална минимална кошница за четири месеци јануари, февруари, март и април 2026 година изнесува 3.305,00 денари.
Сојузот на синдикатите на Македонија заедно со илјадници работници на 28 јануари и на 14 март побараа зголемување на минималната плата, но, Владата и работодавачите не го прифатија барањето и ја усогласија минималната плата за само 1.667 денари со што истата изнесува 26.046 денари, велат од ССМ.
-Денеска, само делот за храна и пијалоци од Синдикалната минимална кошница изнесува 26.085 денари, или една минимална плата не е доволна само за ,,леб и за вода”, а за покривање на основните трошоци за живот се потребни 2,6 минимални плати. Но имаше и такви кои се бореа против зголемување на минималната плата, истакнуваат од сојузот.
Од таму повикуваат на протест на Први Мај, на кој ќе се бара зголемување на работничките плати.
Деск
ЗА ПОКРИВАЊЕ НА ОСНОВНИ ТРОШОЦИ ЗА ЖИВОТ СЕ ПОТРЕБНИ 2,6 МИНИМАЛНИ ПЛАТИ, ВЕЛАТ ОД ССМ
2 Mins Read

