Македонските средношколци постигнаа значаен успех на 60-тата Меѓународна олимпијада по хемија – Менделеев, која годинава се одржа во Москва, Русија, освојувајќи два бронзени медала.
Теона Ана Георгиевска, ученичка во четврта година во ПСУ „Јахја Ќемал“ – Скопје, освои бронзен медал, со што го запиша и првиот „женски“ медал за Македонија во историјата на ова престижно натпреварување. Бронзен медал освои и Даниел Христов, ученик во четврта година во СОУГ „Славчо Стојменски“ – Штип.
Македонскиот тим го сочинуваа и Даниел Христовски (III година, ПСУ „Јахја Ќемал“ – Скопје) и Георги Николоски (IV година, СОУГ „Мирче Ацев“ – Прилеп), кои исто така достојно ја претставија државата.
Од Сојуз на хемичари и технолози на Македонија информираат дека успехот е резултат на континуирана работа, посветеност и поддршка на младите таленти во областа на хемијата.
Организаторите и тимот изразија благодарност до Амбасада на Руската Федерација во Северна Македонија, Лукоил Македонија и Општина Прилеп за нивната несебична помош и поддршка.
Менделеевата олимпијада по хемија се смета за едно од најпрестижните меѓународни натпреварувања за средношколци, на кое учествуваат најдобрите млади хемичари од целиот свет.
Деск
ПРВ „ЖЕНСКИ“ МЕДАЛ ЗА МАКЕДОНИЈА НА МЕЃУНАРОДНАТА ОЛИМПИЈАДА ПО ХЕМИЈА – МЕНДЕЛЕЕВ!
1 Min Read
Previous ArticleМВР СО АПЕЛ: НЕ НОСЕТЕ ПОТВРДИ ЗА ПЛАТЕНИ СООБРАЌАЈНИ КАЗНИ!
Next Article ЈАКОВ ЈОЗИНОВИЌ ДОАЃА ВО ОХРИД!

