Изјава на министерката за финансии Гордана Димитриеска – Кочоска, дека дел од македонските иселеници се враќаат од странство, како и оценката дека „големи европски земји ќе банкротираат“, предизвика реакции во јавноста и отвори прашања за економските трендови во Европа и регионот.
По состанокот на Комитетот за јавни инвестиции, министерката посочи дека се забележуваат движења на враќање на граѓани од дијаспората, поврзувајќи го тоа со наводни економски слабости во дел од европските држави. Притоа, не беа презентирани конкретни податоци или анализи што би го поткрепиле тврдењето за можен „банкрот“ на развиени економии.
-Јас сега колку што се сеќавам, во изминатиот период во Владата претседателот имаше средби со наши иселеници кои што се враќаат. И на запад состојбите веќе не се такви какви што беа. Се очекува, тоа се некои проекции кои што ги имаат меѓународните финансиски институции, во следните 10 до 15 години големи европски земји, околу десетина, кои ќе банкротираат. Нашите луѓе кои живеат низ Европа гледаат каква е состојбата, што не можеме да кажеме за нас. Ние сме поздравени и од страна на ММФ и од страна на Светска банка, кажа Димитриеска-Кочоска.
Сепак, министерката не соопшти прецизни податоци или извори за ваквите проекции, иако станува збор за чувствителни економски теми кои директно влијаат врз перцепцијата на граѓаните и инвеститорите.
Деск
МИНИСТЕРКАТА ДИМИТРИЕСКА – КОЧОСКА НАЈАВИ БАНКРОТ НА ЕВРОПА И ВРАЌАЊЕ НА ИСЕЛЕНИЦИТЕ!
2 Mins Read
Previous ArticleОХРИД ПОВТОРНО ЌЕ ПЕЕ СО СЕРГЕЈ ЌЕТКОВИЌ

