На 5 мај 2026 година околу 20 часот, полициски службеници од ОВР Неготино лишиле од слобода 52-годишен жител на Радовиш, откако бил фатен како управува товарно возило под дејство на алкохол.
Како што информираат од полицијата, при сообраќајна контрола на улицата „Индустриска“ во Неготино било запрено товарно возило „Мерцедес“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од лицето со иницијали Р.К. По извршените проверки било утврдено дека возачот управувал возило со 1,75 промили алкохол во крвта.
По насоки од јавен обвинител, лицето било задржано во полициска станица, а возилото било одземено. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Надлежните апелираат до граѓаните да не управуваат возила под дејство на алкохол, со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот.
Деск
Previous ArticleДЕВЕТ МЕСЕЦИ ПОРОДИЛНО ОТСУСТВО – ДОВОЛНО ИЛИ ПРЕМАЛКУ?
Next Article САШКО ГЕШОВСКИ – 35 ГОДИНИ НЕПРЕБОЛ НА КАВАДАРЦИ

