На 5 мај 2026 година во СВР Тетово, 32-годишен жител на тетовско село, управител на правно лице од истото место, пријавил дека бил жртва на измама преку електронска пошта, при што изгубил 175.275 денари.
Според пријавата, измамата започнала на 6 март 2026 година, кога тој примил електронска порака од адреса која наликувала на е-поштата на негов деловен соработник од странство. Во пораката била доставена про-фактура за плаќање, по што оштетениот извршил уплата на наведена банкарска сметка, не сомневајќи се во нејзината веродостојност.
Случајот бил откриен на 5 мај, откако при телефонски разговор со вистинскиот соработник било утврдено дека испратената фактура не потекнува од него, ниту пак биле побарани какви било средства.
Од СВР Тетово информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Надлежните апелираат до граѓаните и компаниите да бидат особено внимателни при електронска комуникација, особено кога станува збор за финансиски трансакции, и да вршат дополнителна проверка на податоците пред извршување на уплати.
Деск
Previous ArticleСАШКО ГЕШОВСКИ – 35 ГОДИНИ НЕПРЕБОЛ НА КАВАДАРЦИ

