Иако животот не ја штедел, таа достоинствено ги носела и најтешките животни предизвици. Блага Петреска, доајен на народната песна, која рано го изгуби сопругот, архитектот Павел Контраденко – Павка, отсекогаш била симбол за силна жена.
Сама ги одгледа синот и ќерката, успевајќи да ги изведе на вистински пат, воспитувајќи ги во чесни и успешни луѓе. Веста за смртта на сопругот, во пресрет на новата 1983 година, кога само што пристигнала на турнеја во Канада, била голема пресвртница животот на нејзиното семејство. Во период исполнет со болка и одговорност, музиката била нејзина утеха, но и начин да обезбеди сигурна иднина за своите деца.
Петреска не само што изгради блескава кариера која трае повеќе од шест децении, туку и била силен столб на семејството во најтешките моменти.
Таа е препознатлива по ризницата од фолк хитови кои живеат и се дел од народната душа и секојдневие, но и по широката насмевка и енергијата со која зрачи на сцената.
Годинава ќе и биде доделена наградата за животно дело на 39-то издание на реномираниот Фолк фестивал Валандово, кој ќе се одржи на 26 и 27 мај. Оваа награда е признание за најголемите музички имиња, кои публиката секогаш ги дочекува со љубов и почит, и кои имаат поставено високи стандарди за професионалност и посветеност.
В.К.
Фото: Социјални мрежи

