Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, денеска присуствуваше на последните подготовки на учесниците на 48. традиционален Илинденски коњички марш, кои се одржаа во паркот „Авионче“ во Горно Лисиче.
Митески ги посети коњаниците, се запозна со нивните подготовки и им упати благодарност за посветеноста и истрајноста во зачувувањето на оваа значајна традиција која повеќе од четири децении го поврзува Аеродром со Крушево и илинденското наследство.
„Особено ми е драго што и оваа година голем број учесници ќе бидат дел од овој традиционален марш. Горди сме што Горно Лисиче и Општина Аеродром повторно се почетната точка на патот кон Крушево, каде достоинствено ќе се одбележи најголемиот македонски празник – Илинден“, истакна Митески.
Илинденскиот коњички марш претставува симболично патување посветено на сеќавањето на илинденците и на зачувувањето на историските вредности и традиции. Коњаниците ќе тргнат на 27 јули кон Крушево, каде ќе учествуваат во одбележувањето на 2 Август – Денот на Републиката.
Од Општина Аеродром упатија покана до граѓаните да присуствуваат на испраќањето на коњаниците и заеднички да им посакаат среќен пат и успешно пристигнување до Крушево.
Previous ArticleШПАНСКА ВЕЧЕР НА ОХРИДСКО ЛЕТО

