На 11 мај 2026 година во 13:25 часот во ОВР Гостивар, 53-годишен жител на Гостивар пријавил дека бил жртва на измама при обид да извади пасош по брза постапка.
Според пријавата, тој на 24 април 2026 година стапил во контакт со лице со иницијали М.Д. од Кавадарци, кое престојува во Скопје, преку социјална мрежа. Осомничениот се претставил дека може да посредува за брзо издавање пасош, по што двајцата се договориле за услугата.
Како што е наведено, оштетениот му испратил сума од 6.000 денари преку автобус, по што по приемот на парите, лицето го блокирало и прекинало секаков контакт.
По настанот, случајот е пријавен во полиција, а надлежните органи преземаат мерки за негово расчистување и откривање на сторителот.
Деск
ПРАТИ МИ 6.000 ДЕНАРИ ПО АВТОБУС, ПА ЌЕ ТИ ИЗВАДАМ БУГАРСКИ ПАСОШ: КАВАДАРЧАНЕЦ ИЗМАМИЛ ГОСТИВАРЧАНЕЦ
1 Min Read

