Во село Чифлик, демиркаписко, на 11 април 2026 година околу 00:22 часот избувнал пожар во камп-приколка, сопственост на Н.Д. (45) од истото село.
Според информациите од полицијата, огнот брзо се проширил и зафатил и паркирано патничко возило „фиат“ со демиркаписки регистарски ознаки, сопственост на Б.М. (38) од село Корешница. Во инцидентот нема повредени лица.
Пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица Неготино, која интервенирала на местото на настанот. При извршениот увид од страна на увидна екипа од ОВР Неготино, било констатирано дека се оштетени и неколку прозорци од објект во изградба, кој е сопственост на Н.Д.
Од надлежните институции информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на причините за избувнувањето на пожарот.
Деск

