Во сообраќајна несреќа што вчера попладне се случила во Велес, полицијата привела 36-годишен жител на село Мелница, општина Чашка, откако било утврдено дека управувал возило без возачка дозвола.
Според информациите од СВР Велес, на 12 мај 2026 година околу 14:45 часот, на крстосницата меѓу улиците „Васил Главинов“ и „Киро Ќучук“ се судриле патничко возило „алфа ромео“ со велешки регистарски ознаки, управувано од А.А. (36), и патничко возило „мицубиши“, кое го управувала 42-годишната М.Д.У. од Велес.
По преземените мерки и извршените проверки, полициските службеници утврдиле дека А.А. го управувал возилото пред да стекне право на управување. По насоки на јавен обвинител, тој бил лишен од слобода и приведен во полициска станица.
Од МВР информираат дека возилото било одземено, а по целосно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.
Деск

