Уметницата која успеа да го привлече вниманието на целиот регион и Европа, Констракта, е новото име во програмата на годинашното издание на Д Фестивал во Штип. Таа ќе гостува на фестот на 27 јуни.
Нејзиниот настап на Евровизија 2022 со песната „In Corpore Sano“ се претвори во вистински културен феномен, освојувајќи милионска публика и предизвикувајќи силен интерес кај европските медиуми. Со својот автентичен пристап, кој комбинира музика, перформанс и социјален коментар, Констракта се етаблираше како едно од најоригиналните имиња на современата балканска сцена.
Во 2026 година, таа се претстави со нов музички проект низ призмата на Констракта Хибрида, објавувајќи ја трилогијата составена од песните „Прва“, „Слепите ги водат слепите“ и „Срце“. Овие изданија продолжуваат да ја истражуваат реалноста на современото секојдневие, преку препознатливи интелигентни текстови и специфичен уметнички израз.
Со нејзиниот настап на Д Фестивал, публиката ќе има можност да проследи уникатно сценско доживување кое ги поместува границите на класичниот музички настап, носејќи концепт кој истовремено забавува и провоцира размислување.
Организаторите најавуваат дека ова е едно од највпечатливите имиња во програмата оваа година, дополнително зацврстувајќи го имиџот на фестивалот како платформа за квалитетна и современа музика.
Б.Н.
Previous ArticleОД СЦЕНАТА ВО ВЕЧНОСТА – СЕЌАВАЊЕ НА МИРЧЕ ОД „ИНТЕРВАЛИ“

