Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави дека веќе следната недела ќе биде распишан нов оглас за избор на директор на Универзална сала, откако актуелното решение со Миро Кацаров е само привремено.
Во изјава за НАТКАСТ, Ѓорѓиевски појасни дека претходниот оглас бил неуспешен, поради што било неопходно да се назначи вршител на должност директор за да се обезбеди непречено функционирање на институцијата. Тој нагласи дека оваа одлука била донесена со цел редовна исплата на платите и одржување на тековните активности.
„Станува збор за привремено решение. Веќе следната недела ќе распишеме нов јавен повик и ги повикувам сите кои ги исполнуваат условите да аплицираат“, истакна Ѓорѓиевски.
Тој додаде дека при изборот на нов директор ќе се води сметка за стручноста и интегритетот на кандидатите, но и за ставовите на јавноста, со оглед на значењето што Универзална сала го има за културниот живот во главниот град.
До изборот на нов директор, Кацаров ќе продолжи да ја извршува функцијата вршител на должност, по што се очекува институцијата да добие трајно раководство.
Интервјуто ќе биде објавено утре, сабота (16.05.2026) во 10 часот на Јутјуб каналот на КУРИР.
Деск
ОРЦЕ ЃОРЃИЕВСКИ: КАЦАРОВ Е ПРИВРЕМЕН ДИРЕКТОР НА УНИВЕРЗАЛНА САЛА, НАСКОРО НОВ ИЗБОР
1 Min Read
Previous Article11,3 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА ПОДДРШКА НА МАЛИТЕ БИЗНИСИ И ЗАНАЕТЧИИ

