По бурните реакции во јавноста поради видеото од прославата на ФК Вардар, во кое се слуша навредлива песна, министерот за спорт Борко Ристовски побара јавно извинување и најави можни санкции. Станува збор за песната ,,Дирлада” од групата Меморија, која и во минатото на натпревари се пее со изменет и вулгарен текст.
Во официјалната реакција од Министерството за спорт се истакнува дека ваквото однесување е неприфатливо, особено кога доаѓа од спортски работници и јавни личности кои треба да бидат пример во општеството. Оттаму потенцираат дека спортот треба да обединува, а не да создава поделби и да поттикнува навреди.
„Ги осудуваме ваквите провокации и бараме јавно извинување до граѓаните“, наведуваат од Министерството, додавајќи дека ќе се разгледаат можности за соодветно санкционирање на инволвираните.
Контроверзното видео, кое брзо се прошири на социјалните мрежи, е снимено за време на прославата на титулата, при што дел од присутните пеат песна со навредлива содржина кон Битола. Ова предизвика остри реакции кај јавноста, навивачите и граѓаните.
Случајот отвори поширока дебата за однесувањето на спортистите надвор од терените и нивната општествена одговорност, особено во моменти кога се во центарот на вниманието.
Деск
РИСТОВСКИ БАРА ИЗВИНУВАЊЕ ПО СКАНДАЛОТ СО ВАРДАР: НАЈАВЕНИ И КАЗНИ ЗА ПРОСЛАВАТА
1 Min Read

