Младиот хрватски пејач Јаков Јозиновиќ повторно го разбуди интернетот, но овојпат не само со песна – туку и со порака што ја носеше на својата кошула во Белград, каде одржа десет концерти во преполниот Сава Центар.
-Да биде љубовта пак во мода – е пораката која беше испишана на грабт на неговата кошула, а која предизвика бура од реакции на социјалните мрежи.
Не станува збор само за обичен натпис. За многумина, тоа беше крик, став, па дури и лична исповед претворена во неколку зборови. Во морето коментари, едно е заедничко – никој не остана рамнодушен. Дел од фановите напишаа дека токму ваквите моменти го прават Јожиновиќ „повеќе од пејач“, туку глас на генерацијата, додека други се прашуваат дали зад сè стои длабока лична приказна.
Без разлика на толкувањата, пораката од неговата маица успеа да направи нешто што малкумина можат – да допре, да подели, но и да натера на размислување. А токму таму, помеѓу емоцијата и контроверзата, Јозиновиќ повторно го пронајде своето место во центарот на вниманието.
20-годишникот кој важи за регионален феномен, поради својата инстант популарност, неодамна одржа концерт и во Скопје, за кој се бараше влезница плус. Со своите емотивни настапи, со едноставноста и спонтаноста, за него најчесто се коментира дека е токму она, кое и недостигаше на сцената периодов – враќање на вистинските вредности, на скромноста и природноста, кои беа засенети во изминативе години.
Б.Н.
ДА БИДЕ ЉУБОВТА ПАК ВО МОДА: ЈАКОВ ЈОЗИНОВИЌ Е ПОТСЕТНИК ДЕКА Е ВРЕМЕ ЗА ВРАЌАЊЕ НА ВИСТИНСКИТЕ ВРЕДНОСТИ
2 Mins Read

