Со просечна оценка 5.0, разнесувал пици за да има џепарлак додека да замине на факултет. Се радувал на матурската забава која не ја дочека, бидејќи беше убиен од страна на веќе осудуван убиец, кому во саботата вечерта му доставил пица пред врата.
19-годишниот Лука М. од Дрниш е момчето од Хрватска кое беше изрешетано со десеттина куршуми од страна на 50-годишниот Кристијан Алексиќ, психопат кој го тероризирал целиот град со години наназад. Во раните утрински часови дене е уапсен и убиецот, а на денот на погребот на младиот матурант во Дрниш ќе биде прогласен ден на жалост.

Настанот отвори сериозни прашања за пропустите во институционалниот систем и надзорот над лица со висок ризик. Граѓаните прашуваат како е можно лице со вакво криминално минато да не биде под постојан надзор и дали институциите навреме процениле дека постои ризик од повторување на насилството. Дел од нив бараат оставки и одговорност од надлежните, додека други повикуваат на итни реформи во казнено-поправниот и пробацискиот систем.
Овој трагичен настан повторно ја отвори дилемата: дали системот навистина ги штити граѓаните, или пропустите во институциите дозволуваат опасни поединци да останат незабележани – сè додека не биде предоцна?
Деск:

