Мечка усмрти 10 овци во планински предел над селото Камењане, информираат од полицијата.
Настанот се случил на 17 мај 2026 година околу 14:30 часот, кога во Полициското одделение Камењане, 69-годишниот Ф.Р. пријавил дека во неговата импровизирана штала на местото викано „Душки“, на патот кон селото Јеловјане, било нападнато неговото стадо.
Според пријавата, мечката влегла во шталата и усмртила 10 овци, пред да се повлече од местото.
По добиената пријава, увид на терен извршила увидна екипа од СВР Тетово, која ги констатирала последиците и работи на целосно расчистување на случајот.
Деск

