Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, повика на распишување референдум на кој граѓаните ќе одлучат за иднината на државата и нејзиниот пат кон Европската Унија.
На прес-конференција, Филипче порача дека одлуките за клучните државни прашања не смеат да се носат без директно изјаснување на граѓаните, особено во контекст на евроинтеграциите и уставните измени.
„Не може Христијан Мицкоски сам да одлучува за иднината на државата. Тоа право им припаѓа на граѓаните, кои треба да кажат дали ја поддржуваат актуелната политика кон Европската Унија. Јас во неколку наврати кажав што за нас значи национално обединување – да се направат уставните измени зашто тоа не е никаков ризик ни по јазикот ни по идентитетот, а тоа е потврдено со документи “, изјави Филипче.
Тој додаде дека граѓаните ќе ја сносат цената од, како што рече, погрешните политики на Владата, нагласувајќи дека националното обединување значи продолжување на европскиот пат, а не изолација.
Реакцијата на Филипче доаѓа по изјавата на премиерот Христијан Мицкоски, кој на заедничка прес-конференција со Андреј Пленковиќ истакна дека Владата нема да прифати идентитетски отстапки во процесот на евроинтеграции, дури и по цена на забавување на патот кон ЕУ.
Засега, од владејачката партија нема официјален став во однос на барањето за распишување референдум.
Деск
ФИЛИПЧЕ: РАСПИШЕТЕ РЕФЕРЕНДУМ, УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ НЕ СЕ РИЗИК НИ ПО ЈАЗИК, НИ ПО ИДЕНТИТЕТОТ!
1 Min Read
Previous ArticleЗАВИСИ ОД БРИСЕЛ: РОАМИНГ СО ЕУ БЕЗ ТРОШОЦИ МОЖЕН ОД 2027 ГОДИНА

